Јазичиња во Notepad со Notepads

-

Дали знаевте дека Notepad верзијата во Windows 10 е скоро идентична со верзијата од Windows 3.1? Windows 3.1 датира уште од далечната 1992 година! Од некоја причина, Microsoft или тврдоглаво одбиваат какви било значајни надградби за оваа алатка или слепо веруваат во правилото дека она што не е искршено не треба да се поправа. Како и да е, ако нешто „фали“ на Notepad тоа се јазичиња (tabs), особено доколку барате поголема ефикасност.

Notepads е open-source апликација која ви дозволува да активирате јазичиња со кликнување на +. Со избирање на комбинацијата од копчињата Ctrl+Shift лесно можете да се движите низ претходно отворените јазичиња, а преку F1 можете да прилагодувате најразлични поставки, како стил на фонтови, менување на изгледот на целата алатка и многу повеќе.

Најновото надополнување на Notepads истакнува правописни грешки и дозволува нивна исправка преку десен клик и избирање соодветна алтернатива. Оваа опција мора да биде активирана првин. Преку F1 копчето, упатете се кон активирање на опцијата highlight misspelled words.

The post Јазичиња во Notepad со Notepads appeared first on IT.mk.

Categories:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *