Џон Мекафи пронајден мртов во својата затворска ќелија

-

Основачот на компанијата која креираше еден од
најпрепознатливите анти-вируси
McAfee, Џон Мекафи е
пронајден мртов во својата затворска ќелија. Одделот за правда на Каталонија објави
дека сè
укажува дека г. Мекафи си го одземал животот.

Телото на основачот на McAfee е пронајдено само неколку часа откако властите во Шпанија
се согласија да го екстрадираат во САД. Тој беше уапсен во 2020 година во Шпанија
по меѓународна потерница поради затајување на данок. Во периодот на апсењето немал
поднесено даночна пријава четири години. Одделот за правда на САД се сомнева
дека г. Мекафи ја криел својата заработка на различни банкарски сметки и сметки
за крипто-валути кои не биле под негово име.

McAfee VirusScan е првиот комерцијален анти-вирус. Компанијата и г. Мекафи имаа значителна улога во развојот на индустријата која сега вреди милијарди долари. Во февруари 2011 Intel го купи McАfee за 7,6 милијарди долари.

Иако анти-вирус софтверот го направи милијардер, во интервју за BBC, изјави дека никогаш не користел никаков анти-вирус. Се заштитувал со често менување на IP-адресата, не го внесувал своето име и лични податоци на ниту еден компјутер кој го користел, и не одел на веб-страници на кои може да се зарази со вирус.

Во 2016 и 2020 година неуспешно се обиде да се кандидира за претставник на Либертаријанската партија на Претседателските избори во САД.

The post Џон Мекафи пронајден мртов во својата затворска ќелија appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *