⋮IWConnect и MuleSoft ја организираа првата MuleSoft meetup група во Македонија и на Балканот

-

Соработувај со ентузијасти слични на тебе, дискутирај теми кои се во тренд и најди решенија на предизвиците кои ги имаш!

05 мај 2021 – ⋮IWConnect, глобална, мултидисциплинарна IT консултантска компанија, со седиште
во Битола, Македонија соопшти дека за првпат во Македонија, а и на Балканот
организираа MuleSoft
meetup група. MuleSoft
meetup групата е организирана во соработка со MuleSoft, компанија која се занимава со
произвостсво на софтвер за интеграција на апликации, податоци и уреди, со
седиште во Сан Франциско, Калифорнија.

Целта на оваа група е да се направи централно место
кадешто сите ентузијасти кои работат, се заинтересирани или сакаат да научат
нешто повеќе за MuleSoft ќе може да
соработувааат, да ги дознаат последните новости во врска со MuleSoft, да се запознаат
со нивни истомисленици, да учат и да го споделат нивното знаење со нивните
истомисленици, преку презентации, демо-видеа итн.

„Дел сум од MuleSoft заедницата од самиот почеток откако започнав да работам со оваа интеграциска алатка. Самото присуство на ваков вид на meetup настани е еден од најдобрите начини да споделиш идеи, и да стекнеш знаење за последните трендови во технологијата. Поради тоа сум особено среќен што ја имав можноста да ја организирам првата MuleSoft meetup група, која дојде како резултат на долгогодишната соработка помеѓу ⋮IWConnect и MuleSoft и со нетрпение го очекувам првиот настан. “ изјави Сашо Рајчиноски, организатор на Mule meetup групата, и Сениор MuleSoft технички консултант во ⋮IWConnect.

Сите оние кои се заинтересирани и сакаат да станат дел од првата Mule meetup група во Македонија и на Балканот, тоа можат да го направат на следниот линк: https://meetups.mulesoft.com/bitola/. Се што треба да направите е само да го внесете вашето име и електронска пошта. Освен тоа, приклучете се и на нашата Facebook група каде ќе можеме да се запознаеме уште подобро.

За ⋮IWConnect

⋮IWConnect е глобална, мултидисциплинарна ИТ-компанија фокусирана на интеграција, дигитализација, менаџирање на податоци, анализа, инфраструктура, и создавање дигитални оптимизирани технолошки решенија (Digitally Optimized Technology Solutions – DOTS). Основана во 2004 година, со седиште во Северна Македонија, и канцеларии во Битола, Прилеп, Скопје, Северна Македонија, Амстердам, Холандија, и Хјустон, Тексас (САД), ⋮IWConnect е позната и по искуството со трите интеграциски алатки MuleSoft, SnapLogic, TIBCO, го има еден од најголемите оддели за Quality Assurance, и знаење и искуство во вештачка интелигенција, машинско учење, Big Data, Microsoft, PHP, Mobile Development, AWS Cloud, Data Management, Business Support, и DevOps.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на ⋮IWConnect. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

The post ⋮IWConnect и MuleSoft ја организираа првата MuleSoft meetup група во Македонија и на Балканот appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *