Членови на ransomware група уапсени во Украина

-

Во заедничка координирана полициска акција со ФБИ, Француската жандармерија, Еуропол и Интерпол, украинската полиција уапси два члена на засега неименувана онлајн криминална група. Групата на која и припаѓале членовите барале откуп помеѓу 5 и 70 милиони евра, објави Еуропол.

Еден од осомничените е осомничен дека е член на голема и засега неименувана, ransomware операција. Групата на која и припаѓаат уапсените се сомничи за серија напади на големи индустриски комплекси во Европа и Северна Америка во периодот од април 2020. Жртви на оваа група се над 100 компании во овие региони.

Овој опис соодветствува на нападите на REvil групата, па неколку експерти веќе и шпекулираат со ова име. Официјално досега нема потврда дека уапсените навистина се членови на оваа група, ниту за која група се работи.

Во полициската акција се покрај апсењата, направен е претрес на 7 локации, запленети се 375 000 долари; две возила во вредност од 217 евра; и криптовалути во вредност од 1,3 милиони долари.

The post Членови на ransomware група уапсени во Украина appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *