10 ААА игри под 100 денари на летната распродажба на Steam

-

Не е никаква тајна дека сме огромни фанови на инди игри. Но, некогаш сакаме да се втурнеме во ААА игра, без да потрошиме многу пари. Токму поради тоа, ископавме десет ААА игри кои не се поскапи од 100 денари, а сеуште нудат неверојатна доза забава во едно квалитетно пакување. Сите од игрите моментно можат да се купат за време на летната распродажба на Steam!

Deus Ex: Game of the Year Edition – 62 денари

Како што можете да видите од видеото, игрите од овој серијал значително се разликуваат една од друга, но првата и понатаму останува одличен хит со RPG механики кои до ден-денес се позајмуваат од модерните наслови

Tomb Raider: Underworld – 62 денари

Ова е игра која од срце ви ја препорачуваме, особено за време на летниве горештини. За многумина, овде е Лара во нејзиното најдобро издание, со впечатлива приказна, тони предизвикувачки загатки, и одлични можности за истражување на освежувачки морски длабочини.

Black Desert – 62 денари

За вистински да уживате во Black Desert потребно е одредено интимно држење со вашиот паричник, но и покрај тоа, несомнено е дека ова е една од визуелно највпечатливите и механичко најспособни ММО игри.

Kane & Lynch 2: Dog Days – 62 денари

Кажете што сакате за играта, но, на времето, апсолутно уживавме во бруталната приказна и запрепастувачки акциони моменти. Интересен продукт на луѓето зад Hitman серијалот

Tom Clancy’s Rainbow Six 3: Gold Edition – 78 денари

Уште едно интересно видео за еволуцијата на еден од најпознатите тактички FPS игри. За жал, онлајн можностите на оваа игра се недостапни, но сепак вреди да и посветите некое попладне

Sid Meier’s Civilization III: Complete – 78 денари

Стратегијата од која произлезе фразата just one more turn. Исклучително комплексно остварување кои сеуште е омилено на бројни љубители на жанрот со запазување редови.

The Witcher: Enhanced Edition – 92 денари

Немате никакво оправдување доколку сеуште не сте ја пробале играта која ги постави CD PROJEKT RED на мапата. Cyberpunk можеби сеуште не е онаму каде што би сакале, но нема да најидете на проблеми во The Witcher: Enhanced Edition

Tom Clancy’s Splinter Cell – 92 денари

На времето, оваа игра беше плафон на графичко достигнување, со реалистично осветлување, сенки и супер кул механики за прикрадување и тивко ликвидирање. Споредено со многу значително понови игри, Tom Clancy’s Splinter Cell лесно испливува како ултимативниот шампион

Just Cause 2 – 92 денари

За нас, JC2 е една од најдобрите акциони игри во отворен свет каде можете да одите каде сакате и да правите што сакате, особено во поглед на возење најразлични возила и сеење максимален хаос.

Hunted: The Demon’s Forge – 92 денари

Сосема е во ред доколку не ви е позната Hunted. За жал, чедото на Bethesda не го достигна истиот успех како нивните други игри, но тоа никако не ја прави Hunted неквалитетна игра и, со оглед на ниската цена, ова е дефинитивно наслов заслужен за вашето внимание.

Тоа беа нашите 10 игри под 100 денари. Се надеваме дека ќе ви се допаднат и дека, барем на кратко, ќе направат да заборавите на летните горештини. А, во случај да имате и вие предлог за некоја евтина игра, дефинитивно споделете ја со останатите читатели во коментарите, форумот, или социјалните мрежи.

The post 10 ААА игри под 100 денари на летната распродажба на Steam appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *