15 игри наскорo ќе станат достапни преку Xbox Game Pass

-

Нема никакво сомневање во огромната вредност на Xbox Game Pass, особено ултимативната претплата со која можете да играте огромен број игри преку компјутер, телефон, или конзола.

Но, месецот мај се чини како далеку од завршен, особено кога ќе земете во предвид дека се поплочува патот за уште 15 феноменални игри. Па така, доколку ја вклучивте вашата Xbox конзола денес, ќе видите дека SnowRunner спремно чека да биде преземена од вас.

Утре, меѓутоа, ќе можете да ги заиграте Peggle 2 и Plants vs Zombies: Battle for Neighborville директно од вашиот телефон (под услов да имате VPN – повеќе за ова во некој од нашите идни текстови). Истиот ден, PC и конзолите ќе бидат нападнати од Secret Neighbor The Wild at Heart, а пет дена по тоа и од безмилосната Maneater.  

Крајот на месецот ќе биде одбележан со Conan Exiles, Fusion Frenzy, Joy Ride Turbo, Slime Rancher, MechWarrior 5: Mercenaries, па SpellForce 3: Soul Harvest и Solasta: Crown of the Magister.  

Однапред изразуваме жалење за сите оние ученици кои првенствено треба да се посветат на оценките! Нема крај на искушенијата 😀

The post 15 игри наскорo ќе станат достапни преку Xbox Game Pass appeared first on IT.mk.

Categories:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *