2 бесплатни игри и 5 нови апликации кои се појавија на Epic Store

-

Epic Store продолжува со делењето бесплатни игри на неделно ниво. Овојпат, на заинтересираните гејмери ги нуди следните 2 игри за апсолутно 0 денари:

  • Alien: Isolation – Survival Horror авантура која феноменално го збогатува Alien универзумот со солидни механики за прикрадување.
  • Hand of Fate 2 – Продолжеток на една од најуникатните Rogue-Lite акциони игри која е инспирирана од boardgame видот на игрите.

А, во меѓувреме, најверојатно паметите дека пред неколку месеци Epic дозволи да се презема Spotify од нивниот клиент за игри. Од денеска, на клиентот можат да се преземат и користат уште 5 нови апликации, со што Epic дополнително потврдува дека сака да навлезе и во водите на софтверски апликации.

  • Itch.io – Верувале или не ова е доста позната продавница на DRM- Free инди игри. Продавница во продавница 🙂 По се изгледа, Epic не се плаши од ваква конкуренција.
  • Brave  – Прелистувач и солидна open-source алтернатива на Edge, Chrome, Firefox.
  • KenShape – 3D генератор на модели
  • Krita – Апликација за дигитално сликање и боење
  • iHeartRadio е апликација за стримување музика која, за жал, не е достапна кај нас.

The post 2 бесплатни игри и 5 нови апликации кои се појавија на Epic Store appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *