23 игри, 6 книги, 2 стрипови и 4 програми за само 1000 денари кои ќе бидат искористени за справување со Covid-19 во Индија и Бразил

-

Најновиот пакет на Humble Bundle нуди игри, книги и стрипови чија вредност изнесува над 32 000 денари. Но, можете да добиете апсолутно сè од пакетот доколку донирате нешто повеќе од 1000 денари. Вашите пари, меѓутоа, ќе бидат искористени за добротворни цели, односно за справување со проблемите предизвикани од Covid-19 во Индија и Бразил.

Она што добивате преку пакетот Humble Heal: COVID-19 Bundle е над 20 феноменални игри од најразлични жанрови, интересни книги за медитација, позитивно размислување, стрипови, како и неколку програми за оптимизација на вашиот компјутер и управување со фотографии.

Според Humble Bundle, сите пари кои ќе бидат соберени со продавање на пакетот, ќе бидат искористени во следниве добротворни цели: Direct Relief, Doctors Without Borders (MSF), International Medical Corps, и GiveIndia.  Моментно, проектот има соберено скоро половина милион евра, а ќе трае уште пет дена.

The post 23 игри, 6 книги, 2 стрипови и 4 програми за само 1000 денари кои ќе бидат искористени за справување со Covid-19 во Индија и Бразил appeared first on IT.mk.

Category:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *