3 работи кои нѝ се допаднаа во Alex Kidd in Miracle World DX

-

Alex Kidd in Miracle World DX е интересен 2D платформер кој се заканува да им се допадне и на ветераните и на почетниците кои уживаат во ретро инспирирани игри. Првата Alex Kidd in Miracle World се има појавено во далечната 1986 година. Најновата верзија ви дозволува да собирате парички и да се спротиставувате на босови и во добро-познатото старо руво, но и во ново модерно опкружување. Ова се трите работи кои највеќе нѝ се допаднаа во играта:

  • Инстантна транзиција помеѓу ретро и модерната верзија

Alex Kidd in Miracle World DX ги содржи сите стази што ги имаше во играта од пред 35 години, како и целосно нови авантури. Новата верзија се одликува со целосно нови анимации и подобрувања во гејмплејот, но со само едно копче можете да удрите клоца на модерните предности, да се префрлите во Retro режимот и да заиграте во опкружување кое е идентично на оригиналната игра. Транзициите помеѓу ретро и модерната верзија, во комбинација со подобрената звучна и музичка подлога, ви стојат на располагање во кој било момент и се инстантни.

  • Нови режими за константни битки со босови и бесконечно многу животи

Оние кои не се по кршење камења и собирање парички, можат да си ги опробаат силите преку целосно новиот Boss Rush Mode. Преку овој режим, целосно се фокусирате на немилосрдна елиминација на старите и новите босови кои се редат еден-по-друг. Никако не заборавајте и дека имате и Infinity Lives Mode, благодарение на што имате бесконечно многу животи и не мора да се грижите дека никогаш нема да може да ја завршите играта.

  • Разбивање монотонија со возила и корисна опрема

Во Alex Kidd in Miracle World DX покрај стандардното истражување и користење на вашите верни тапаници, можете да купувате и управувате со најразлични возила, како и да користите предмети кои даваат целосно нова димензија, како можност за пукање и пресметки од далечина (исклучително корисно при средби со босови).

И двата визуелни режими имаат посебна убавина и апелираат до посебна таргет група, но независно од графичкото опкружување, Alex Kidd in Miracle World DX знае да биде исклучително предизвикувачка, а со тоа и фрустрирачка игра. Бесконечните животи помагаат, но ова е сепак игра (заснована на) осумдесеттите години – време кога мазохистичкото напредување е клучен двигател. Подгответе се да умирате често. 🙂

The post 3 работи кои нѝ се допаднаа во Alex Kidd in Miracle World DX appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *