4 летни новитети за The Sims 4

-

The Sims 4 никако не ни помислува да ја намали брзината со која исфрлува новитети. Летово никако нема да биде исклучок и љубителите на оваа уникатна симулација можат да очекуваат бројни бесплатни и платежни содржини.

  • Новиот кит би требало да е излезен во моментот кога го читате ова. Се вика Courtyard Oasis Kit и нуди 22 предмети за тематско уредување на вашата куќа/ соба од соништата.
  • Нов креативен game pack се спрема најверојатно за јуни, а ќе понуди целосно нова кариера.
  • Се работи на целосно нова експанзија која очекуваме да се појави во јули, а да биде поврзана со „природата“.
  • Се поплочува патот за два настани. Едниот се вика виртуелна блок забава, а другиот Симс настан на летото.

За жал, не знаеме нешто повеќе за овие новитети и мораме да дозволиме времето да си го направи своето. Она што знаеме е дека до сега има десет чистокрвни експанзии за The Sims 4, 9 game pack-ови, 18 stuff pack-ови и 4 kit-ови. Пробајте да ги купите сите додатоци за играта и ќе осиромашите за нешто повеќе од 800 евра! А ние мислевме дека The Sims 3 имаше агресивна политика на монетизација.

The post 4 летни новитети за The Sims 4 appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *