8 интересни навики на луѓето за нивните телефони, според анкетата на Ofcom

-

Најновата анкета на Ofcom открива интересни навики на луѓето за нивните телефони. Ова се осум од најинтересните што ги пронајдовме:

  1. Две-третини од анкетираните признале дека во тоалет никако не одат без нивниот телефон. Еден од пет луѓе признале дека го оставаат телефонот надвор, а еден процент од луѓето одбиле да одговорат на прашањето.
  2. Повеќе од една половина признале дека прво нешто што прават по будењето наутро е да го проверат нивниот телефон, додека само еден од десет анкетирани се изјасниле дека првин ја бакнуваат личноста до нив, па потоа сè останато.
  3. Над 50% никогаш не го исклучуваат телефонот целосно туку само си го дополнуваат. 13% го исклучуваат телефонот секој ден, како кога се на работа, а 9% го исклучуваат еднаш неделно.
  4. 9 во 10 анкетирани признале дека паралелно со гледање телевизија користат телефон, лаптоп или таблет
  5. Половина се изјасниле дека зборуваат на телефонот помалку отколку порано, додека една третина се изјаснила дека зборувале повеќе. Еден во десет не приметиле никаква разлика и сметаат дека ништо не се променило во тоа дали зборуваат повеќе или помалку од порано.
  6. 25% од анкетираните признале дека имале расправии околу тоа кој да користи интернет за стриминг или преземање работи. Расправиите биле за време за полициски часови, карантин и слични ситуации кои ги принудиле да проведуваат време заедно.
  7. За време на пандемијата, 1 од 6 анкетирани се изјасниле дека гледале и до 20 различни телевизиски серии
  8. 9 од 10 луѓе кои имале чести виртуелни состаноци признале дека најинтересна случка им била кога некое милениче ќе се појавило пред камерата и ќе направило некаква беља.

Дали се пронајдовте себеси во горните точки? Имате ли и вие некоја интересна навика поврзана со паметната направа? Споделете ја во коментарите или на социјалните мрежи!

The post 8 интересни навики на луѓето за нивните телефони, според анкетата на Ofcom appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *