8-мо издание на Intech Meetup на тема: “All things Go”

-

Оваа година, настанот Intech Meetup создаден со многу љубов од InPlayer, станува глобален!

InTech Мeetup#8 добива нов виртуелен формат со длабока цел: градење на првата Golang заедница во Северна Македонија.

Во
InPlayer го користиме Golang за да ја изградиме нашата платформа која е во постојан развој и подем  и сакаме да ја
споделиме нашата љубов кон оваа технологија со сите.

Golang
e робустен програмски јазик на ниво на систем што се користи за програмирање
преку големи мрежни сервери и големи дистрибуирани системи. еговите карактеристики и
апликации, особено во контекст на cloud computing и инфраструктура се нешто што
предизвикува интерес и високо ниво на љубопитност кај IT заедницата воопшто.

Осмото
издание на InTech Meetup ќе им овозможи на сите присутни двочасовно едукативно
искуство, можност да се стекнат со нови знаења, да ги слушнат последните
стручни Golang новости и да бидат во тек со најновите трендови, и сето тоа под менторство на
тројца говорници, експерти во нивната област.

Нашите
исклучителни спикери оваа година се:

  • Вилијам Кенеди, управен партнер во „Ardan Labs“ во Мајами, Флорида, компанија за развој на мобилни мрежи, веб и системи. Тој исто така е коавтор на книгата „Go in Action“, автор на блогот GoingGo.Net и основачки член на GoBridge;
  • Натали Пистунович, Google експерт за Go, амбасадор на OpenAI, јавен говорник и организатор на конференцијата GopherCon Europe и Cloud Nein;
  • Стојан Димитровски, технички архитект во InPlayer, експерт и практичар на различни програмски јазици.

Осигурајте се дека на 19ти мај во 18 часот ќе бидете пред своите компјутери и ќе се приклучите на InTech Meetup #8.

Регистрирајте се за онлајн настанот на следниот линк.

За повеќе информации, следете го настанот преку социјалните профили на Facebook, Instagram, Twitter или преку #intechmeetup хаштагот.

The post 8-мо издание на Intech Meetup на тема: “All things Go” appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *