8 работи што се дознаа за најновата експанзија за Guild Wars 2

-

Guild Wars 2: End of Dragons e третата експанзија за оваа популарна ММО игра. До вчера, единствено нешто што знаевме за експанзијата е дека ќе ги одведе играчите во Канта. Денеска, ситуацијата е значително поразлична и се открија 8 важни новитети поврзани со проширувањето.

  • Ловење риба е нова активност

Со излегување на експанзијата играчите ќе можат каде било низ огромниот свет да ловат над 200 различни риби. Се очекува рибите да можат да се користат за најразлични рецепти, отклучување колекции, достигнувања и слично

  • Ново животно за јавање

Новото животно се вика Siege Turtle и се јава од вас и од уште еден друг играч. Се претпоставува дека додека еден играч го јава животното, друг може да управува со оружјата кои се монтирани на него.

  • Ново превозно средство

Skiff или мали отворени бротчиња ви дозволуваат да пловите над кои било водени површини, сами или со пријатели. На бродчињата, можете да шетате, да танцувате, да ловите риба, или едноставно да истражувате.

  • Нови надградби во Mastery oдделот

Надградби ќе има во пет нови Mastery линии. Првите три се веќе откриени, односно, надградба за риболов, Siege Turtle, и управување со скиф. Останатите две се држат во тајност.

  • Нови легендарни оружја

16 нови легендарни оружја кои се дизајнирани во духот на змејот Орин. Прикурсорот ќе биде дизајниран според младата Орин, а легендарното оружје според возрасната верзија на древниот змеј.

  • Нова Guild Hall

Најновата Guild Hall се вика Isle of Reflection и е местото каде лидерот на Ministry of Purity беше поразен во првата GW игра. Оваа GH се одликува со многу водени содржини кои допринесуваат до најразлични активности помеѓу членовите на гилдот, како управување со скифови, ловење риби, или борење во арената.

  • Нови елитни специјализации

Сите класи во играта ќе добијат по една нова елитна специјализација која е инспирирана од Канта и замислена да ги раздрма веќе-утврдените урнеци. Само една специјализација беше претствана, а тоа е The Virtuoso. Со неа, месмерите ќе можат да користат dagger за напади од далечина, а наместо клонови, редите мечови кои се фрлаат во непријателите. Преку четири бета тестирање, сите заинтересирани играчи ќе можат да проверат новите елитни специјализации. Првиот ваков настан е резервиран за 17 август.

  • Експанзијата е достапна за преднарачка!

Guild Wars 2: End of Dragons излегува во февруари 2022 година. Првично, експанзијата требаше да излезе во септември/ октомври годинава, но поради пандемијата и желбата да се се подготват квалитетни содржини, ArenaNet си земаа за слобода да го поместат датумот за почетокот на новата година. Веќе се достапни три едиции за пред нарачка, основната експанзија е 1600 денари, Deluxe e 2900 денари, а Ultimate е 4200 денари. Deluxe доаѓа со нов изглед за рапторот, скин за бродот, и сет за промена на вашиот идентитет. Ултимативната едиција е со плус 4000 џемс за купување различни работи од продавницата. Независно од тоа која едиција ќе преднарачате, добивате уникатно оружје, наметка и тајтл.

Тоа беа најважните работи кои успеавме да ги дознаеме за експанзијата, но никако не е се. Во случај да сте желни за уште информации, погледнете ја и следнава листа од дополнителни новитети!

  • Во Канта ќе се патува со Марџори и Касмир. Од други ликови кои ќе се вратат се и Горик и Тајми.
  • Сите настани кои се имаат случено во претходните експанзии, на некој начин влијаеле и на Канта
  • Ќе има нови Strikes, со нови режими и различни награди
  • Една од мапите во новата експанзија ќе биде Echovald Forest, со акцент на вертикално истражување
  • Се очекува транзиција од DirectX 9 на DirectX 11

The post 8 работи што се дознаа за најновата експанзија за Guild Wars 2 appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *