Battery Boy е игра за вашиот телефон во која паричките се менуваат во зависност од тоа колку ви е полна батеријата

-

Battery Boy е игра за Android/iOS и припаѓа на Endless Runner жанрот, односно игри во кои вашиот лик постојано трча и собира работи додека избегнува најразлични препреки. Но, Battery Boy се одликува и со една уникатна механика и ги менува содржините во зависност од тоа колку ви е полна батеријата на вашиот телефон. Попрецизно, она што се менува е бојата на паричките кои ги собирате додека трчате електронската околина.

Во зависност од тоа колку ви е полна батеријата, паричките можат да бидат зелени, жолти, црвени или во повеќе бои. Истите ги собирате за да, помеѓу нивоата, играте мини игра за отклучување најразлични работи од козметичка вредност.

Инаку, интересно е и тоа што за разлика од класичните Endless Runner игри, вашиот лик во Battery Boy трча само кога прстот ви го допира екранот, со што се пружаат можности за намалување на брзината и полесно избегнување препреки.

The post Battery Boy е игра за вашиот телефон во која паричките се менуваат во зависност од тоа колку ви е полна батеријата appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *