Category Archives: гејминг

Бесплатни се сите квестови за Lord of Rings Online

Lord of Rings Online e една од најпопуларните MMO игри која има огромна и лојална база од фанови. За играта моментно се работи на целосно нова експанзија која се вика Fate of Gundabad. Во чест на тоа, сите пакети со квестови кои се моментно достапни за играта (а, достапни се многу!) се бесплатни за сите […]

Age of Empires 4 има скромна хардверска побарувачка

Времето за излегување на новата игра во еден од најпознатите стратешки серијали се наближува и за нешто повеќе од месец дена, Age of Empires 4 , ќе нападне со целосно нова кампања, механики и преубаво графичко опкружување. Во поглед на хардверска подготвеност, цената за пристап е изненадувачки ниска и ќе можете да уживате во насловот […]

Регулатива и одговорно iGaming – континуирани “гејм чејнџери”

Индустријата за онлајн казина и коцкање бележи огромни промени во последниве години, со зголемено ниво на контрола и континуирано зголемување на фокусот на темата одговорно коцкање. Индустријата се стреми кон дистанцирање од негативниот имиџ во минатото со тоа што се фокусира кон тоа да им овозможи на корисниците безбедно, одговорно и забавно искуство. Каде се […]

Подгответе се за Game Jam Plus во Македонија

Game Jam Plus e глобален хакатон на кој се креираат видеоигри. Настанот потекнува од Бразил и секоја година додаваат нови држави во кои се одржува. Game Jam Plus се одржува шеста година по ред. Оваа година за прв пат настанот ќе се организира и во Македонија. Локална поддршка како и секогаш кога видеоигрите се во […]

My Dog е игра во која се грижите за кучиња

My Dog е игра за iOS и Android и е замислена како симпатична симулација во која можете да чувате куче и да правите најразлични работи со него. Во My Dog имате на располагање над 60 раси. Штом го одберете кутрето од соништата, можете да го храните, да го шетате, да го бањате и многу други […]

Интервју со победниците на Европскиот куп на нации во CS: Global Offensive

На крајот на август македонскиот тим составен од пет гејмери Јане „aidKiT“ Апостолоски, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Даниел „dan1“ Глигоров, Павле „stYleEeZ“ Стојановски и Кристиан „Cryveng“ Трпкоски победи во Counter-Strike: Global Offensive натпреварите на Европскиот куп на нации. За еден од најголемите еспорт успеси во Македонија зборувавме со Јане „aidKiT“ Апостолоски. Како се чувствувате по најголемиот […]

Contra Returns е забавна игра за iOS и Android

Верувале или не, серијалот Contra се има појавено уште во далечната 1987 година и се одликува со едни од највпечатливите наслови кои доминираа во деведесеттите години. Носталгичарите ги замолуваме да го насочат вниманието кон Contra Returns – модерно остварување кое се одликува со солидна графика, брз, но забавен гејмплеј, одлични звуци, но бројни микротрансакции. Contra […]

Три Android игри кои се на голем попуст

Постојано, бројни Android игри се на попуст. Во овој момент, три исклучително квалитетни игри се продаваат со голем попуст и можете да ги зграпчите за шеесетина денари, или помалку! Teslagrad – 62 денари Се работи за чистокрвен 2D платформер каде фокусот е на решавање загатки преку играње со силата на магнетизмот и електромагнетски моќи. Играта […]

Релаксирајте се со играта Towers: Relaxing Puzzle

По исклучително долг и напорен ден, понекогаш сè што сакате е да поминете малку време со релаксирачка игра. Towers: Relaxing Puzzle се одликува со минималистички дизајн, едноставни механики и пријатна музика. Во оваа игра, целта е да ги турнете кулите кои се составени од две или повеќе коцки. Притоа, потребно е да внимавате на редоследот […]

Дознајте интересни работи за Италија со играта Italy. Land of Wonders

Italy. Land of Wonders е игра за iOS и Android напојувани направи. Играта е направена во тесна соработка со министерството за надворешни работи на Италија и е замислена да забави, но и да информира преку најразлични фотографии и текстуални податоци за богатата историја и култура на Италија, никако не исклучувајќи ги и кулинарските способности на […]