Category Archives: Рецензија

Tetragon е симпатична инди игра со предизвикувачки загатки

Tetragon ви дозволува да истражувате мистериозен свет од уникатни загатки. Светот го истражувате така што скокате од една коцкаста мапа кон друга, но за да направите успешен премин, обично морате да соберете нешто од мапата што, на прв поглед, се чини дека е недостижно, барем се додека не почнете да си играте со гравитација и […]

Рецензија: Jupiter Hell е ретро-инспирирана игра за сите DRL фанови

Rogue Lute, Turn Based, Dungeon Crawler RPG. Ова е само дел од описите за Jupiter Hell. Развојното, полско студио ChaosForge успеја да ги изненади сите DRL фанови и љубители на ретро-инспирирани игри со уникатни механики и музичка подлога произлезена директно од пеколот. Во Jupiter Hell, на располагање имате три ликови, маринец, извидник и техничар. Иако […]

Три работи кои нѝ се допаднаа во Stronghold: Warlords

На наша огромна радост, серијалот Stronghold постои веќе добри 20 години. Развојното студио FireFly дефинитивно ја препознава привлечна моќ на уникатната формула, но се непоколебливи кога доаѓа до менување на урнекот. Како директен резултат, Stronghold: Warlords е игра која стои во времето. Бројни механики кои беа препознатливи во претходните игри ѕиркаат во иста или слична […]

Black Skylands е игра која успешно комбинира неколку жанрови во ретро инспирирано опкружување

Од талентираното руско студио Hungry Couch доаѓа игра која од петни жили се труди да интегрира што е можно повеќе жанрови. Black Skylands е акциона авантура во отворен свет, но исто така е и шутер со бројни sandbox механики. Играјќи со Ева, ќе започнете неуморна битка против застрашувачкиот вид Swarm низ стотици острови. Користејќи арсенал […]

Три работи кои нѝ се допаднаа во Beautiful Desolation

Beautiful Desolation е изометрична авантура од развојното студио The Brotherhood, тимот кој претходно работеше на еднакво-импресивната Stasis. И покрај тоа што често наидувавме на одредени кратенки наметнати од ограничен буџет, Beautiful Desolation е феноменално креативно остварување, а она што следи се нашите три омилени работи за играта. Богат футуристички свет низ кои се исткаени непредвидливи […]