Category Archives: Свет

30 години Linux

Пред 30 години студентот Линус Торвалдс на светот му го претстави своето хоби, мал и бесплатен оперативен систем. Објавата на 25 август 1991 година беше поставена во информативната група comp.os.minix. „Здраво на сите кои го користите minix – Работам на (бесплатен) оперативен систем (само како хоби, нема да биде голем и професионален како gnu) за […]

По успешната поправка пристигнаа првите слики од Hubble

NASA успеа да ја поправи грешката која ја спречуваше работата на Hubble и телескопот продолжи да работи како порано. По паузата подолга од еден месец конечно телескопот продолжува со следењето на вселенските тела, а веќе стигна и првите слики. Поради грешка во „payload“-компјутерот на Hubble, телескопот од 13 јуни не собираше податоци. Инженерите тестираа различни […]

Огромни автоматизирани преси го зголемуваат производството на Tesla автомобили

Производството на поевтини електрични автомобили е една од работите кои Елон Маск ги ветува одамна. За жал возилата и натаму не се поевтини, а иако е на самиот врв кога се проценува вредностa на производителите на возила, Tesla произведува значително помалку автомобили од конкуренцијата. Giga Press е огромна автоматизирана преса за лиење која треба да […]

Project Starline видео чет во 3Д

Project Starline е проект на Google кој наликува на сервис за видео разговор во виртуелната реалност, само што нема очила за виртуелна реалност. Технологијата која го овозможува ова е дисплеј базиран на светлина кој креира волумен и длабочина. Станува збор за следна генерација на видео разговори во „говорница“ кои ќе овозможат креирање на 3Д-модели на […]

Нема содржина, нема проблем, Amazon е во преговори за MGM

Без сомневање содржината на еден стрим сервис е најважна при изборот на корисниците на кого да му ја „дадат“ својата претплата. Netflix, HBO Go, Amazon, Disney+, Apple TV се натпреваруваат за корисниците, а најважно за ова се филмовите и сериите кои се достапни на платформите. Amazon веројатно не е првиот сервис за стриминг на кој […]

Кои се плановите на Google за работење по пандемијата

Последиците од пандемијата се чувствуваат и понатаму, но светот полека се враќа во нормала. Компаниите кои своите вработени ги советуваа да работат од дома сега претпазливо им овозможуваат да се вратат назад на работа. Google е една од првите компании кои се прилагодија на новата реалност, а сега се подготвени за враќање назад. Планот на […]

Цените на хард дисковите во Азија со значителен пораст

По масовното зголемување на цените на графичките картички кое следеше по порастот на вредноста на Bitcoin, се чини дека следни на удар, барем во Азија, се хард дисковите. Според извештај кој доаѓа од Кина, цените на хард дисковите бележат значителен пораст, и до 66% за некои модели.   Криптовалутата за која се работи е Chia, […]