Contra Returns е забавна игра за iOS и Android

Верувале или не, серијалот Contra се има појавено уште во далечната 1987 година и се одликува со едни од највпечатливите наслови кои доминираа во деведесеттите години. Носталгичарите ги замолуваме да го насочат вниманието кон Contra Returns – модерно остварување кое се одликува со солидна графика, брз, но забавен гејмплеј, одлични звуци, но бројни микротрансакции.

Contra Returns е достапна за Android и iOS!

Во Contra Returns играте не само со добро познатите двајца командоси туку и со бројни други, а гејмплејот буди бројни носталгични спомени низ експлозивни левели кои се замислени за кратки гејминг сесии. Имено, можете да правите двојни скокови, да се наведнувате и да пукате насекаде со едно од две оружја, како и едно дополнително оружје кога го чувате за исклучително проблематични ситуации. Оружјата можете да ги надградувате, да си ги пробате способностите на повисока тежина или да испраќате командоси на автоматски рејдови за извлекување драгоцени ресурси. Од овде, делот со микро трансакции се наметнува сам-по-себе и Contra Returns навистина остава впечаток на игра која е осмислена со привремено посегнување по паричникот.

Доколку можете да одолеете на ваквите искушенија, покрај кампања имате на располагање и мултиплеер, PvP пресметки и многу повеќе!

The post Contra Returns е забавна игра за iOS и Android appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *