Convertio нуди една појдовна точка за секаква конверзија на фајлови

Во случај да постојано работите со најразлични фајлови, често се случува да имате постојана потреба за конверзија на истите. Иако, Convertio e екстензија за Google Chrome прелистувачот, конверзијата која всушност ја правите е преку дополнителен сајт каде се поставува фајлот и, по извршената конверзија, се презема.

Convertio ништо не дискриминира и можете да го користите за препознавање текст, за конверзија на видео, односно аудио фајлови, за менување формати на слики, документи, фонтови, па дури и формати на електронски книги или компресирани фајлови. Изборот е навистина огромен, а сè што треба да направите е да изберете од каде да се преземе фајлот, дали да се аплоадира, дали е на облак или преку линк, а потоа да го изберете саканиот формат.

Сите операции во Convertio се исклучително брзи, но доколку сакате да ги практикувате без регистрирање, ограничени сте на фајлови чија големина не смее да е над 100MB.

The post Convertio нуди една појдовна точка за секаква конверзија на фајлови appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *