Covid пасошот ќе може да се интегрира во Android

-

Апликациите кои се користат како потврда за Ковид-19 имунизација наскоро би можеле да бидат заменети со едноставни картички. Google на блогот за девелопери објави дека Passes API ќе може се користи за чување и пристап до податоците за Ковид вакцинација на Android.

Ова ќе им овозможи на програмерите кои работат во државни
агенции или здравствени организации да ја искористат новата функционалност и да
креираат дигитални верзии на картичките и тест резултатите.

Дел од податоците кои се дел од картичката се вакцината која ја примил пациентот како и времето на вакцинација. Картичката ќе постои единствено на уредот на кој е преземена, што значи дека ќе мора да се преземе на сите уреди кои корисникот сака да ги користи.

Приватноста на податоците е обезбедена со начинот на кој корисникот одбрал да го заклучи својот телефон. За секој пристап до картичката потребно е да се внесе лозинка, пин или биометриски податок кој се користи за отклучување на телефонот.

„Штом корисникот ја зачува дигиталната верзија на COVID картичката на својот уред, ќе може да пристапи до неа преку шорткат на екранот, дури и кога нема пристап до интернет или на локација на која има послаб интернет. За користење на оваа функционалност ќе биде потребен уред со верзија на 5.0 на Android и Play Protect“, објаснува Ирфан Фајзулабу на блогот на Google.

За почеток функционалноста ќе биде отворена во САД, а потоа
ќе биде достапна и во останатите држави.

The post Covid пасошот ќе може да се интегрира во Android appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *