Epic ги тестира нервите на Apple, компанијата побара враќање на Fortnite во Јужна Кореја

Едвај десет дена откако Јужна Кореја донесе закон за конкуренција на плаќањето во продавниците за апликации, Epic Games побараа Apple да ја врати Fortnite на App Store. Барањето се однесува исклучиво за јужнокорејскиот пазар, бидејќи Apple таму веќе и законски нема основа да блокира конкурентно плаќање.

Веста за барањето за враќање на Fortnite компанијата ја објави и на својот Twitter-профил:

Она што е интересно е дека според истиот закон Apple мора да одговори во не премногу долг период. Дополнително законот е донесен и за да се оневозможи „одмаздничко“ однесување на платформите. Дали Apple ќе се одлучи сепак да ја врати Fortnite на App Store, барем во Јужна Кореја, ќе мора да почекаме и да видиме.

Двете компании имаат влошени односи од август минатата година. Apple и Google ја отстранија Fortnite од своите продавници откако Epic додаде систем за директно плаќање. Сепак Android за разлика од iOS нуди можност за инсталирање на апликации и надвор од продавниците, па некако спорот помеѓу овие компании не е во преден план.

Од мај оваа година Apple и Epic Games се во судски спор и сè уште очекуваме судска одлука.

The post Epic ги тестира нервите на Apple, компанијата побара враќање на Fortnite во Јужна Кореја appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *