EXIF Studio ги открива метаподатоците во фотографиите, а Scrabled Exif ги брише

-

Метаподатоците, или metadata-та, кријат во фотографиите информации кои можеби и не би сакале да ги споделувате онлајн, информации како вашата локација, време кога е направена фотографијата, име на авторот и слично.

EXIF Studio е алатка со која можете да ги откриете овие податоци, но и многу други кои знаат да бидат искличително корисни. Најновата, втора верзија на оваа iOS апликација дава пристап до понапредни податоци (exposure, white balance, и слично). Во случај да сакате да ги отстранувате метаподатоците од фотографиите потребна ви е професионалната верзија, која чини 2.5 евра. Но, што доколку барате бесплатна андроид алтернатива?

Scrabled Exif е android апликација која на брз начин ги брише сите ваши метаподатоци од сликите, пред да ги сподели низ социјалните мрежи. Секој пат кога ќе отворите некоја фотографија преку вашата секојдневна апликација за таа намена, изберете Share, а потоа преку Share to apps, изберете Scrabled Exif. Оваа апликација е одлична за прочистување фотографии од чувствителни информации.

The post EXIF Studio ги открива метаподатоците во фотографиите, а Scrabled Exif ги брише appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *