Fintech конференција во организација на Adeva

Оваа недела се одржува конференција во областа на FinTech – FinTech ReImagined. Виртуелниот настан е во организација на Adeva и ќе се одржи на 23-ти септември со почеток во 17:30. На форумот ќе бидат покриени теми од типот на Open Banking, Global Payments, Embedded Finance, Security & Infrastructure итн. Настанот е бесплатен за виртуелните посетители, а повеќе информации, како и регистрација за следење на настанот се достапни на Hopin.

Генерално настанот е наменет за финтек ентузијасти – а ќе може да се слушне за Future of FinTech и како индустријата креира нови можности.

Она што е импресивно е листата говорници. Панелистите доаѓаат од компании-гиганти како IBM, Payoneer, Huawei, AWS. Дел од говорниците се: Сири Босум од Huawei; Николас Фирцли од Светскиот пензиски форум; Гуан Сенг Ку од Економскиот форум на Сингапур, Катерина Трајчевска од Adeva; Светлана Маринова од AWS; Питер Демео од IBM.

Целиот настан е поделен на неколку говори, и панели во кои има по неколку учесници.

  • Корисникот на прво место – Како конкуренцијата и партнерството во FinTech секторот носат промени и подобри искуства (Putting the Consumer First – How Is Competition and Partnership in the Fintech Sector Driving More Choice and Better Experiences)
  • Отворено банкарство – План за дигитална економија (Open Banking – a Blueprint for the Digital Economy)
  • Глобално плаќање – скок во иднината (Global Payments – Fast Forward into the Future)
  • Одржливи финансии и иновација – виртуелна размена на идеи (Sustainable Finance & Innovation – a Virtual Exchange of Ideas)
  • Инфраструктура и безбедност – Трендови и нови теми (Infrastructure & Security – Trends and Emerging Threads)
  • Подем на вгнездените финансии – Следна граница (The Rise of Embedded Finance – Next Frontier)
  • Вештачка интелигенција – Стратегија и импликации (Artificial Intelligence – Strategy and Implications)

The post Fintech конференција во организација на Adeva appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *