Framework е највозбудливиот лаптоп последниве десетина години

Framework лаптоп е еден од уредите минатите месеци кои некако ги пропуштивме. Сепак за разлика од најголем дел од овие уреди, Framework е и премногу кул да го прескокнеме и да не признаеме дека сме направиле грешка.

Се чини неверојатно, но до пред некои 5, 6 години лаптопите компјутери имаа можност за некакви, барем минимални надградби. Денес не само што нема никаков простор за надградба туку често дефектите на еден елемент значат или прескапа поправка или нов лаптоп. Framework е нов производител на лаптопи основан од поранешни инженери на Lenovo, HTC и Apple кои креираат нов модуларен лаптоп. Ова не само што значи дека основните делови се поправаат, туку самите корисници можат да прават едноставни сервиси како промени на батеријата. Единствен модул кој е непроменлив и доаѓа на плочата е процесорот и овие делови хардвер не можат да се заменат одделно.

На лаптопот се менува баш сè, од меморијата и дискот, до звучниците, Wi-Fi модулот, па дури и портите кои корисникот може да ги промени. За корисниците на кои не им се потребни премногу влезови и излези, Framework има специјален модул „екстерен“ хард-диск (Storage Expansion Card).

Лесните промени на сè, придонесоа лаптопот од iFixit да добие оценка 10 за сервисирање.

Единствено прашање е дали ќе постои интерес од корисниците и дали производителот ќе продолжи да го произведува лаптопот во оваа форма.

The post Framework е највозбудливиот лаптоп последниве десетина години appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *