Google ги слави Олимписките игри во Токио со 16-битна видеоигра

-

Иако дел од натпреварите се веќе започнати, денес официјално започнуваат Олимписките игри. Google нè потсети на Олимпијадата со супер интересни 16-битни мини видеоигри кои може да ги играме во прелистувачот.

Играта (Google Doodle) е достапна веднаш со отворањето на Google Chrome или ако користите некој друг пребарувач може да отидете на страницата на пребарувачот (google.com).

Илустрациите за 16-битната видеоигра се креирани од јапонското студио за анимација Studio 4°C и самата игра несомнено ќе ве потсети на Јапонија.

Играчот е во улога на нинџа мачка која може да се приклучи на некој од четирите тима: син, црвен, жолт и зелен.  Во текот на играњето може да се натпреваруваме во неколку различни дисциплини, помеѓу кои: скејтборд, пинг-понг, стреличарство, алпинизам и синхронизирано пливање. Во сите дисциплини противник ни е легендарен јапонски херој. Играта без сомневање ќе ве потсети на некој од најпознатите 16-битни јапонски видеоигри од минатото.

Отворањето на Олимписките игри е денес од 13 часот и може да го гледате на Македонската телевизија.

The post Google ги слави Олимписките игри во Токио со 16-битна видеоигра appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *