„MESA Summer Jam“, се одржува овој викенд со физичко присуство

-

Одлична вест за сите љубители на еспорт натпреварите. По подолга пауза предизвикана од Ковид-19 пандемијата, гејминг настаните делумно се нормализираат и започнуваат да се одржуваат со физичко присуство. Овој викенд се одржуваат финални натпревари во две супер-популарни игри „Counter Strike: Global Offensive“ и „FIFA21“.

Првата фаза на натпреварот се одржа онлајн и траеше од 29 јуни до 1 јули. Натпреварите во живо се одржуваат викендов во Infomedia Studio во Кисела Вода.

MESA Summer Jam“ е првиот гејминг настан во Македонија организиран согласно протоколите за превенција на Ковид-19 организиран од Македонската еспорт асоцијација.

Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите се пренесува и на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports.

The post „MESA Summer Jam“, се одржува овој викенд со физичко присуство appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *