Microsoft и официјално го претстави Windows 11

-

Веќе имаше неофицијална најавa, а протекоа и неколку слики кои ни покажаа како ќе изгледа следната верзија на Windows, а сега веќе имаме и официјална потврда. Microsoft го претстави Windows 11. Ова значи дека и името на оперативниот систем нема да биде променето, а „Sun Valley“ ќе остане само кодното име во текот на развојот.

Од промените покрај визуелните кои веќе можевме да ги видиме, има неколку интересни најави како нова Windows продавница, интеграција на Teams, подобри перформанси, и поддршка за Android апликации.

Во визуелниот дел оперативниот систем го следи дизајнот на конкурентите, пред се maxOS и ChormeOS. „Start“-менито е центрирано на таскбарот, заедно со некои корисни апликации, и тоа може да ги потсети корисниците на Android оперативен систем. Суптилни промени има насекаде, на  пример острите агли од Windows 10 на прозорите во Windows 11 ќе бидат заоблени, а има промени и кај виџетите за временските услови, вести и мапи.

Новитет е можноста за поширока персонализација на просторот на екранот која Microsoft ја нарекува Snap Layouts. Корисникот ќе може да избере во кој дел на екранот ќе се појавува некоја апликација. Тој ќе може да одбере од неколку шаблони кои се претходни креирани, а ова секако ќе им биде корисно на сите кои користат повеќе монитори.

Една од најлошите карактеристики на Windows 10 на почетокот беа прилично лошите надградби или барем изборот на време за истите. Во Windows 11 надградбите на оперативниот систем се помали и ќе се завршуваат во позадина. Ова треба да помогне да се избегнат непријатните паузи во работењето, кои беа дел од често упатуваните критики кон оперативниот систем.

Мало изненадување е интеграцијата на Microsoft Teams во оперативниот систем. Ова секако ќе биде кориснo за дел од корисниците, но не сите се воодушевени од потегот. Bloomberg ја обвини компанијата дека со ова враќа во деновите на Internet Explorer. Конкурентите кои работат на софтвер за соработка како Slack или Zoom ќе бидат погодени од потегот. Teams ќе биде достапен заедно со оперативниот систем и ќе биде поставен на таскбарот со самата инсталација на оперативниот систем. Тоа секако ќе овозможи значителна предност пред конкуренцијата.

Дел од фокусот во новиот Windows е и гејмингот. Со надградбата доаѓа и Auto HDR функционалност која ќе овозможи
значително подобро гејминг искуство. Дека Microsoft не се откажува од десктоп како гејминг платформа покажува
и новата Xbox апликација
и интеграцијата на Xbox Game
Pass во Windows 11. Сите
кои имаат NVMe дискови
ќе забележат побрзо вчитување на игрите благодарение на DirectStorage технологијата.

За крај, Android
апликациите доаѓаат на Windows.
Windows 11 нуди поддршка за апликациите кои ќе доаѓаат од Amazon Appstore. Корисниците
ќе ги пронаоѓаат апликациите на Windows
Store, но преземањето ќе биде од Amazon. Дел од апликациите кои ќе бидат достапни се Adobe Creative Suite, TikTok,
Instagram…

Презентацијата беше искористена и за критика кон Apple. Microsoft најави дека ќе биде вистинска платформа и развивачите ќе можат да продаваат директно од своите продавници. Ова секако е напад врз Apple кој не дозволува некој девелопер да излезе и да продава надвор од платформата.

Надградбата на оперативниот систем, повторно ќе биде бесплатна, овојпат за сите сопственици на Windows 10. Засега точната дата на излегување е непозната, но за Новогодишните празници ќе биде достапен како бесплатна надградба за сопствениците на Windows 10. Надградбата ќе продолжи и во 2022 година.

The post Microsoft и официјално го претстави Windows 11 appeared first on IT.mk.

Categories:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *