Project Starline видео чет во 3Д

-

Project Starline е проект на Google кој наликува на сервис за видео разговор во виртуелната реалност, само што нема очила за виртуелна реалност. Технологијата која го овозможува ова е дисплеј базиран на светлина кој креира волумен и длабочина.

Станува збор за следна генерација на видео разговори во „говорница“ кои ќе овозможат креирање на 3Д-модели на соговорниците. Ова овозможува соговорниците да добијат впечатокот како да се еден наспроти друг.

Повеќе податоци за Starline ќе добиеме подоцна оваа година.

The post Project Starline видео чет во 3Д appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *