Ride 4 изгледа ултра реалистично на PS5

Ride 4 е тркачка симулација која е излезена пред добри осум месеци, но неодамна привлече огромно внимание со видеото на јутуберот Joy Of Gaming.

Видеото прикажува фото реалистична графика – толку добра да многу гејмери не можат да поверуваат дека се работи за игра, а не GoPro видео снимено во висока резолуција.

Визуелно, Ride 4 е навистина импресивна игра, но не е до степенот како што е прикажано во горното видео. Имено, јутуберот користи специфични временски услови за да извлече максимален фото реалистичен ефект. Дополнително, од Push Square алудираат и на тоа дека сниманото видео доаѓа од replay модот, преку кој автоматски се додаваат ефектите за реалистично движење на главата и тресење на камерата. Иако генералното мислење е дека Ride 4 не е до овој степен визуелно импресивна при нормални гејминг сесии, тоа никако не го менува фактот дека кога сите коцки ќе се поклопат, Ride 4 изгледа ѓаволски добро.

За само неколку денови, видеото стана вирално и принуди бројни гејмери носталгично да се присетуваат на други тркачки симулации кои го издржуваат тестот на времето и се доказ за запрепастувачко техничко достигнување. Како една од игрите кои почесто се спомнува низ коментарите е осумгодишната Driveclub.

The post Ride 4 изгледа ултра реалистично на PS5 appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *