Samsung на 11-ти август ќе претстави нови телефони со флексибилен екран

-

Најголемиот производител на паметни телефони Samsung најави нов настан на кој ќе претстави нови уреди со еластичен екран. Компанијата направи сè што може, без да ни каже „Ќе претставиме foldable уреди“ за да навести што ќе видиме на настанот закажан за 11 август. Од „Get ready to unfold“ до илустрацијата на поканата сè покажува дека еластичните екрани со фокус. Ова можеби и не треба да биде изненадување со оглед на тоа дека Galaxy Note ќе ја прескокне оваа година.

Веројатно ќе има простор за нови Galaxy Fold и Galaxy Flip уреди, но она што е поинтересно, а го нема во најавата би можел да биде новиот часовник на Samsung. Galaxy Watch ќе биде првиот часовник на кој ќе го видиме новиот оперативен систем изработен како соработка на Google и Samsung. Официјална најава за претставувањето на часовникот нема, но секако би можело да биде помал дел од конференцијата.

За среќа нема да треба премногу да чекаме за официјално да ни бидат претставени телефоните и часовникот. Презентацијата е на 11 август, со почеток во 16:00.

The post Samsung на 11-ти август ќе претстави нови телефони со флексибилен екран appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *