Slack и официјално дел од Saleforce за 27,7 милијарди долари

-

На крајот на 2020 година во декември Salesforce најави дека го купува Slack. Минатата недела откако поминаа сите проверки, оваа зделка е и официјално потврдена, и за 27,7 милијарди долари Slack е дел од Salefoce.

Компанијата најави дека плановите се Slack да биде дел од Salesforce Customer 360. Ова е платформа за податоци на купувачите која на компаниите им овозможува да ги поврзат Salesforce апликациите и да ги усогласат изворите на податоците низ компанијата, пишува Venturebeat.

Slack долго време е на врвот на најпопуларните алатки за колаборација. Сепак компанијата имаше финансиски проблеми. Од излегувањето на берза во 2019 година до почетокот на 2020 компанијата загуби 40 отсто од својата вредност.

Купувањето заврши во период во кој пандемијата ги натера компаниите да работат од дома, што можеби е една од причините за високата проценка на вредноста на Slack. Со спојување на Slack Connect и Salesforce Customer 360 платформата треба да стане поголема конкуренција на Microsoft Teams.

Slack има активен спор сo Microsoft пред Европската комисија. Компанијата го обвинува Microsoft дека ја злоупотребува доминацијата која ја има Office пакетот за да креира предност пред конкурентите. Барањето на Slack e Microsoft да го извади Teams надвор од Office пакетот.

The post Slack и официјално дел од Saleforce за 27,7 милијарди долари appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *