SmartTools е колекција од корисни апликации за секојдневни обврски

-

Како што кажува и самото име, SmartTools е колекција од корисни алатки кои ќе ви ги поедностават секојдневните активности. Од една појдовна точка добивате компас, ливела (васер-вага), педометар, како и конвертор на различни мерни единици (од температури, преку брзини, па се до мерки корисни при готвењето).

Како понови членови во колекцијата со алатки, се истакнуваат QR генератор на кодови, како и скенер на баркодови. Навистина сме изненадени од бројот на алатките и леснотијата со која доаѓате до нив. Дури имате на располагање и виртуелни клавири, метрономи и многу повеќе!

Иако SmartTools е бесплатна апликација, често ве замолува да одите со премиум верзијата, која бара пари само колку да се каже дека бара пари. Имено, премиум верзијата чини нешто повеќе од 50 денари, а, за возврат, отстранува реклами и отклучува специјални алатки. Нормално, доколку не сакате постојано потсетување, можете да изберете никогаш повеќе да не бара да одите со премиум верзијата (опцијата за тоа е never ask again).

The post SmartTools е колекција од корисни апликации за секојдневни обврски appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *