SoftMaker Office 2021 е нов office пакет за вашата Android направа

-

Доколку од некоја причина барате релативно нов канцелариски пакет, но за вашата Android напојувана направа, би можеле да ги проверите потенцијалите на SoftMaker Office 2021 – канцелариски пакет кој ги содржи следниве засебни алатки:

  • TextMaker
  • PlanMaker
  • Presentations

TextMaker e достојна алтернатива на Word, а PlanMaker на Excel, додека Presentations од петни жили се труди да го украде сценското светло на PowerPoint.

Screenshot Image

Сите три апликации функционираат како самостојни алатки и се бесплатни за користење… до одредена мера. Имено, доколку сакате да вршите печатење, создавање PDF документи, како и следење промени, потребно е да сте спремни на месечна претплата која, изненадувачки, воопшто не е висока; чини само 60 денари месечно.

Повеќе информации за SoftMaker Office 2021 можете да најдете тука!

The post SoftMaker Office 2021 е нов office пакет за вашата Android направа appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *