Sony започна со нудење пробни верзии на PS5 игри

-

Моментно, во одредени региони, PS5 сопствениците можат привремено да проверат две PS5 игри – Death Stranding Director’s Cut и Sackboy: A Big Adventure. Првата игра има пробен период од шест часа, а втората игра има пробен период од пет часа. Напредокот кој ќе го направите низ игрите и трофеите кои ќе ги отклучите ви стои доколку некогаш решите да ги купите.

Ваквиот пробен период за овие две игри трае до крајот на октомври и го поплочува патот за бројни идни пробни периоди за други PS5 игри.

Но, ваквото нешто има огромен проблем. Времето почнува да ви тече во моментот кога ќе го претиснете копчето за преземање на играта. Тоа значи дека доколку Death Stranding Director’s Cut, како игра од добри 50GB, ви се презема, да кажеме, четири часа, ќе имате само два часа за играње.

За надминување на овој проблем, одредени корисници советуваат да креирате нов акаунт и да ја преземете играта преку тој акаунт. Потоа, да се префрлите на вашиот акаунт и од тука да започнете со играњето, затоа што фајловите веќе ви се преземени.

Тоа е тоа, навистина бесмислено и навистина не нѝ е јасно зошто Sony се решиле на ваков потег.

The post Sony започна со нудење пробни верзии на PS5 игри appeared first on IT.mk.

Categories:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *