Spotify Premium повторно нуди бесплатни три месеци на нови корисници, 300 денари за претходни корисници

-

Би лажеле кога би кажале дека не сме големи фанови на Spotify, и на бесплатната и на премиум верзијата.

Бесплатната верзија нема премногу наметливи реклами, а нуди изобилство од песни кои се избираат според вашиот претходно-дефиниран вкус. За еден час слушање, можете да прескокнете до шест песни. Од друга страна, премиум искуството чини 300 денари месечно, но, за возврат, ви нуди бесконечно прескокнување песни, нивно преземање на телефон за да може да се слушаат и без интернет, како и целосна лишеност од какви било реклами.

Доколку никогаш не сте пробале Spotify сега имате можност да слушате цели три месеци за апсолутно нула денари. Промоцијата трае до 22 јуни и, да, никој нема да ве спречи да создадете нов акаунт со нов и-мејл и да пробате на тој начин да ја искористите промоцијата. Нормално, во тој случај потребно е да сте оперирани од грижа на совест. 🙂

Од друга страна доколку порано сте користеле премиум па сте решиле да паузирате и да одите со бесплатната верзија, ќе добиете или имејл или известување преку апликацијата да започнете со тримесечен период кој чини 300 денари. Нам нѝ се чинеше како одлична понуда и решивме да ја зграпчиме во моментот кога ја видовме. Имајте во предвид дека доколку сте имале Премиум до 26 април, нема да можете да ја искористите оваа понуда.

The post Spotify Premium повторно нуди бесплатни три месеци на нови корисници, 300 денари за претходни корисници appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *