Square најави хардверски новчаник за Bitcoin

-

Square потврди дека компанијата ќе работи на развој на хардверски новчаник за Bitcoin. Минатиот месец ова го навести Џек Дорси основачот и директор на Twitter и Square, а сега доаѓа потврда и од директорот на хардвер во Square, Џеси Дорогускер.

„Одлучивме да креираме хардверски новчаник и сервис за да го направиме чувањето на Bitcoin мејнстрим. Ќе продолжиме јавно да прашуваме и да одговараме на прашањата. Реакциите на заедницата на објавата за овој проект е неверојатна – охрабрувачка, дарежлива, колаборативна и инспиративна“, вели г. Мекливи во објава на Twitter.

Square е сервис за финансиски трансакции основан од Џек Дорси и Џим Мекелви. Интересот на г. Дорси за криптовалути е познат и од претходно, и веќе имаме негова изјава дека ако не се Twitter и Square ќе работел на крипто-валути. Square Cash апликацијата веќе нуди можност за купување и продажба на Bitcoin.

The post Square најави хардверски новчаник за Bitcoin appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *