Take-Two го купи српски Nordeus

-

Најголемата гејминг вест од регионот оваа недела е дека Nordeus, компанијата зад Top Eleven им се приклучува на Rockstar Games, 2K Games, Firaxis во Take-Two Interactive. Со ова српската компанија ќе биде рамо до рамо со креатори на игри како Grand Theft Auto, Civilization, NBA 2K.

За аквизиција Take Two ќе плати 225 милиони долари однапред во кеш и во акции. Во зависност од тоа дали Nordeus ќе ги исполни обврските за заработка, висината на договорот може да достигне 378 милиони долари. Основачите и менаџерскиот тим на Nordeus, остануваат на чело на компанијата и компанијата ќе продолжи да работи како и досега. Nordeus во Take Two влегува во мобилната дивизија, во која „друштво им прави“ американскиот гигант Scopely.

Nordeus е креатор на неколку игри, а секако најпознатата е Top Eleven. Фудбалот е популарен спорт на многу од пазарите на кои се присутни Take Twо и ова може значително да помогне за пронаоѓање на нови пазари за Top Eleven во Кина и Северна Америка.

„По единаесет успешни години почувствувавме дека е време да ја подигнеме нашата работа на ново ниво. Здружени со Take-Two ќе бидеме уште поконкурентни на глобално ниво, посебно на пазари како северноамериканскиот и кинескиот. Take-Two е една од најголемите компании за спортски игри во светот и убеден сум дека оваа соработка може само да му помогне на Nordeus да дојде до нова публика на овие пазари. Соработката претставува и голем придонес за нашата индустрија и напорите да ја позиционираме Србија на глобалната гејминг мапа“, вели извршниот директор на Nordeus, Бранко Милутиновиќ за Netokracija.

Дел од најавата за аквизицијата е отворање на образовен фонд
во Србија, во кој Nordeus за
почеток ќе инвестира 3 милиони долари. Фондот треба да ги поддржи развојот на
креативност и иновациите во училиштата во Србија.

The post Take-Two го купи српски Nordeus appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *