TechSlavs повикуваат: Вклучете се во мапирање на ИТ индустријата во регионот

-

TechSlavs е заедница формирана од ИТ-ентузијасти од Македонија, Србија и Хрватска, чија што цел е да овозможи потранспарентни информации за ИТ професионалците во регионот. Веќе започна истражување кое ќе даде одговори на прашањата кои се од интерес на ИТ-професионалците од целиот регион: колку се платени нивните колеги, во какви услови и со кои технологии работат.

Водејќи се од вредностите на транспарентност, вмрежување и едукација, мисијата на TechSlavs е да ги поврзе вработените во ИТ секторот од словенските земји на едно место каде што ќе можат да ги споделуваат своите искуства и знаења, но исто така и да придонесат кон мапирањето на ИТ индустријата на овие територии преку споделување на информации за пазарот, платите, поволностите и придобивките, новите трендови, најчесто користените технологии итн.

Целта на првиот проект на TechSlavs е преку истражување да откриe кои фактори влијаат на нивото на платата во ИКТ индустријата и да обезбеди транспарентен и јавен увид во корисни информации.

„Со тоа што заработката ќе биде транспарентна за заедницата, индустриските професионалци ќе можат подобро да се продаваат на пазарот на трудот. Со точни информации достапни за сите низ целиот регион, технолошкиот талент на Балканот ќе ги има потребните алатки за преговори за условите соодветни на нивната експертиза и искуство. Без разлика дали тие работат во некои локални компании или од далечина – ние сакаме да се осигураме дека податоците ги поддржуваат нивните тврдења“, вели Ена Бартолец, која прва излезе со идеја да ги поврзе ИТ заедниците на Балканот за заедничко истражување на платите.

Покрај истражувањето што ќе одговори на овие прашања, тимот на TechSlavs наскоро ќе лансира TechSlavs Discord канал, така што сите заинтересирани ќе можат да придонесат преку разни иницијативи и споделување на знаење.

Тимот на TechSlavs ги поканува сите вработени во ИТ индустријата да се придружат на оваа иницијатива и да одвојат 5-7 минути од нивното време за пополнување. Анкетата е анонимна, а сите резултати ќе бидат јавно достапни на веб страната на TechSlavs.

Анкетата може да се одговори на следниот линк: https://techslavs.com/survey/

The post TechSlavs повикуваат: Вклучете се во мапирање на ИТ индустријата во регионот appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *