Twitter ја претстави првата претплата – Twitter Blue

-

По неколку месеци најави Twitter официјално го претстави моделот на претплата, Twitter Blue. Првата можност за претплата доаѓа за корисниците од Австралија и Канада, кои за месечна претплата од неколку долари ќе можат да користат неколку ексклузивни функционалности.

Веројатно најзначајно е додавањето на „Undo“-копче кое им овозможува на претплатниците да го повлечат и да го променат твитот. Можноста за промена на твитовите доаѓа со тајмер за кој корисниците сами ја поставуваат должината на чекање, но ова време не може да биде подолго од 30 секунди. Друга значителна придобивка е поголема достапност до грижата за корисници преку „Dedicated customer support“. Претплатниците ќе добијат и нова можност за организирање и сортирање на твитовите кои ги зачувале. Ова доаѓа преку фолдери во кои корисниците можат да ги зачуваат и распоредат своите омилени твитови. „Reader Mode“ е нов изглед кој како што навестува и името, овозможува полесно читање на твитовите.

Последните две функционалности кои ќе им бидат достапни на корисниците се козметички, и преку избор на различни бои и икони за апликацијата овозможуваат различни теми за Twitter.

Цената на месечната претплата за Twitter Blue чини 3,5 канадски долари или 4,5 австралиски долари. Twitter се надева дека со овие промени ќе добијат уште еден канал за прилив за финансии, покрај рекламите кои сега се главен извор на заработка. Микро-блогот прогнозира дека со промените до крајот на 2023 година ќе ја дуплира годишната заработка на 7,5 милијарди долари.

The post Twitter ја претстави првата претплата – Twitter Blue appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *