Unreal Engine 5 има демо од 100GB

-

Не е никаква тајна дека се повеќе игри заземаат многу простор. Destiny 2 мораше да исфрли цели региони како би можело да се намали големината од 170GB на околу 100GB. Microsoft Flight Simulator бара 127 GB простор, а Red Dead Redemption 2 – 150GB. Но ова се цели игри со бројни мултимедијални елементи.

Кога ќе го земете ова во предвид, двојно запрепастувачки излегува дека само едно демо изработено во Unreal Engine 5 има неверојатни 100GB. Доколку појдете по овој пат, лесно би можеле да помислите дека една игра изработена во овој енџин би можела да бара од 300 до 500GB простор. Инаку, само демото е 100GB, Unreal Engine 5 бара дополнителни 10GB простор.

Да се надеваме дека до тогаш, стриминг услугите за игри, како GeForce NOW, ќе станат значително подобри и попристапни до популацијата.

The post Unreal Engine 5 има демо од 100GB appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *