WhatKnotToDo е апликација која ќе ве научи како да правите јазли, а TangleMaster 3D ќе ве забави со загатки за расплеткување јажиња

-

Имате потреба за сплеткување јаже, жица или конец, но не знаете како на направите цврсти јазли?

WhatKnotToDo е апликација која ќе ви покаже на едноставен начин и со чекор-по-чекор инструкции како да правите над 70 најразлични јазли, нешто што знае да биде особено корисно доколку се занимавате со риболов, пловење, кампување или читање „Педесет нијанси сиво“.

WhatKnotToDo ве пречекува со едноставно мени со активности. Од тука избирате категорија од јазли кои се препорачуваат во зависност од активноста која ја планирате, а оние јазли кои ви се најинтересни можете да ги префрлите во категоријата со омилени работи. Секој јазол е пропратен со едноставни визуелни инструкции и текстуални објаснувања за да можете лесно да дојдете до саканиот резултат.

Во случај да сакате да одиграте интересни игри со јазли, TangleMaster 3D е апликација која ја преточува целата активност во игра со загатки каде треба да расплеткувате најразлични заплеткани јажиња, но во правилен редослед и низ стотици предизвикувачки стадиуми.

И двете апликации се бесплатни за користење, но иако WhatKnotToDo е достапна само за iOS, TangleMaster3D е достапна и за Android и за iOS. Корисниците на Android, би можеле да ја проверат апликацијата Useful Knots.

The post WhatKnotToDo е апликација која ќе ве научи како да правите јазли, а TangleMaster 3D ќе ве забави со загатки за расплеткување јажиња appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *