Yahoo! пак е Yahoo! и има а нов сопственик

По неколку промени на сопствениците, и неколку промени на името „Yahoo!“ повторно е „Yahoo!“. Компанијата продолжува да работи самостојно под Apollo Funds, а удел во Yahoo и натаму има и Verizon.

Yahoo и AOL кој досега беа Verizon Media официјално преминаа во сопственост на Apollo Funds и го променија името назад во Yahoo. Во 2015 Verzion го купи Yahoo за 4,8 милијарди долари. Гигантот најпрво ги спои AOL, Yahoo и Huffington Post во „Oath“, за набрзо да го промени во уште погенеричко име Verizon Media.

Нов директор на Yahoo е Гуру Говрапан (Guru Gowrappan), кој се надева дека ќе успеат да го вратат Yahoo на успехот и популарноста кои ги имаше во минатото.

„Ова е нова ера за Yahoo. Официјализирањето на договорот е возбудливо време и нова можност за нас како самостојна компанија. Очекуваме дека следните месеци и години ќе донесат свеж раст и иновации за Yahoo како бизнис и како бренд, се радуваме на можноста да ја креираме оваа иднина заедно со нашите партнери“, вели г. Говрапан.

Една од причините за интересот за Yahoo e што и покрај проблемите со безбедноста и намалувањето на вредноста Yahoo сè уште има над 900 милиони активни корисници месечно. Според оваа бројка Yahoo е третa највредна платформа на Интернет, смета Apollo Funds.

Yahoo е еден од првите гиганти на интернет. Сега повозрасните интернет корисници, без сомневање се сеќаваат на времето кое го користеа Yahoo Messenger да разговараат и да запознаат нови пријатели. Во едно време процената за вредноста на Yahoo надминуваше 125 милијарди долари, но за официјалното преземање Verizon  плати само 4,8 милијарди долари.

Yahoo e основан во 1994 година од Дејвид Фило и Џери Јанг, и долго беше помеѓу најпосетуваните пребарувачи. Сепак по основањето на Google, а во поново време и на Facebook, Yahoo ја загуби трката. И покрај ова тие се еден од најпопуларните веб-сајтови и во последните 6 месеци во просек има околу 3,6 милијарди посети месечно.

Супер-кратка историја на Yahoo

Yahoo е основан 1994 година од Џери Јанг и Дејвид Фло, двајца електро-инженери од Универзитетот Станфорд. На почетокот започна како веб-страница именувана „Jerry and David’s Guide to the World Wide Web“. Страницата беше листа на веб-странци подредени за полесен преглед без некаково дополнително пребарување. Во април 94-та страницата го промени името во „Yahoo!“ што е кратенка за Yet Another Hierarchically Organized Oracle. Доменот yahoo.com е креиран на почетокот на 1995 година.

Веќе во 96-та година компанијата излезе на берза и од првата продажба на акции заработија 33,8 милиони долари. Благодарение на „dot-com“ лудилото, Yahoo, но и куп други портали, растеа брзо. Преку купување на куп постоечки сервиси се претворија во вистинска платформа; Rocketmail стана Yahoo! Mail; eGroups стана Yahoo Groups; Classic Games станаа Yahoo Games. Во 1998 година компанијата ја издаде Yahoo! Messenger апликацијата за текст разговор.

Историја на грешки

Веројатно најголемиот недостатокот на Yahoo беше немањето визија за да ги согледаат придобивките од предлозите за спојување или купување, кои би биле во корист на компанијата.

Од денешна перспектива најголем пропуст е пропуштањето на можноста за купување на Google. Компанијата во 1998 добила понуда од Лари Пејџ и Сергеј Брин да го купи Google за 1 милион долари. Yahoo оваа понуда ја одбил. Што точно ќе се случеше ако ја прифатеа понудата е тешко да се претпостави, но секако Yahoo ќе го немаше најголемиот конкурент.

Во 2006 Yahoo понуди 1,1 милијарди долари за Facebook. Facebook оваа понуда ја прифати, но во последен момент, тогашниот директор на Yahoo, Тери Семел ја намали понудата на 800 милиони долари и зделката никогаш не се реализира.

Компанијата не правеше лоши проценки само со предвидувањата за другите компании. Во 2008-а година Microsoft понуди 44,6 милијарди долари за Yahoo. Идејата на Microsoft веројатно беше со прелистувачот и пребарувачот, и со Yahoo, да креира конкуренција за Google. За жал како и со претходните лоши одлуки Yahoo веднаш ја одби и оваа понуда. Грешката на оваа одлука ја почувствуваа осум години подоцна. Verizon го купи Yahoo за само 5 милијарди долари. Forbes оваа зделка ја нарече „Најтажниот договор вреден 5 милијарди во историјата“.

Yahoo имаше одлична можност да биде дел од најголемите компании од dot-com „балонот“ денес. За жал не можеа да се одлучат што точно сакаат да бидат, портал, платформа, пребарувач, имејл сервис… Иако компанијата не се плашеше да инвестира и да купува други компании, недостатокот на визија, и насока на крај ги чинеше крај каков што дочекаа.

The post Yahoo! пак е Yahoo! и има а нов сопственик appeared first on IT.mk.

Categories:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *